Бучковски истакна дека ваквите хонорари биле јавна тајна, но тој бил изненаден и фрапиран од сумата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 ноември, 2019 10:13

Бучковски: Високите хонорари на СЈО беа јавна тајна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот премиер и универзитетски професор Владо Бучковски  вчера во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека не го зачудуваат високите хонорари во СЈО бидејќи нарекувајќи ја институцијата симбол на мнозинството граѓани желни за правда, а сега тоа е големо разочарувањето.

Сите судии и обвинители кои биле послушни биле наградени со повисоки функции другите беа разрешувани.

Бучковски истакна дека ваквите хонорари биле јавна тајна, но тој бил изненаден и фрапиран од сумата.

Јас бев фрапиран кога видов дека има енормни хонорари, иако постоеле законски ограничувања. Јавноста е бесна, овој гнев што се истури е токму затоа што видоа што правела Катица Јанева и дел од другите обвинители. Јас не сум сигурен дека во 3 од предметите што се најмногу експонирани сега на судењето на 3 декември ќе гледаме сведочења. Значи не било рекетирањето само на Камчев, било рекетирањето во Поштенска банка на директори, кај директорите од македонскиот Телеком. Имаме едно фрапантно сведочење исто така за неколку милиони евра барани од грчки бизнисмен за неговиот внук да не биде осуден – истакна Бучковски.

Буковски во интервјуто потенцираше дека било кристално јасно дека по 30 јуни 2017 се што преземало СЈО било спротивно на законот.

Затоа мислам дека и по оваа хаварија што ја доживеавме многу тешко ќе ја вратиме вербата во правдата, ова направи сериозна хаварија, нанесе сериозни штети на владејачката коалиција и судењето на 3 декември ќе биде сериозен тест за судството – додаде Бучковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести