Според него, Филимена и Михајло Маневски направиле систем дека ако судиите и обвинителите се со нив, следува награда, ако не следува казна.

Објавил: admin@magazin | 29 ноември, 2019 21:37

БУЧКОВСКИ: За разлика од Груевски јас останав во Македонија, не побегнав во Атина или на друго место!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вечерашното издание на „Само интервју“ поранешниот премиер и министер за одбрана, Владо Бучковски, рече дека судскиот случајот „Тенковски делови“ бил нарачан случај во време кога двоецот Михајло и Филимена Маневски воспоставија систем на награди. Сите судии и обвинители кои биле послушни биле наградени со повисоки функции другите беа разрешувани.

Не очекувам голема апстиненција на претстојните предвремени избори и мислам дека излезноста ќе биде над 50 отсто, а по првиот круг на последните претседателски избори мислам дека ВМРО-ДПМНЕ стана конкурентна на СДСМ, изјави вечерва во „Само интервју“ поранешниот премиер и министер за одбрана, Владо Бучковски.

Бучкоски рече дека Филимена и Михајло Маневски направиле систем дека ако судиите и обвинителите се со нив, следува награда, ако не следува казна.

„Ова беше нарачан случај. Обвинителот кој не гонеше без докази, Петар Аневски, стана претседател на Советот за јавни обвинители. Горчината кај мене е што пријавивме секаде, единствено во Стејт Департментот стоеше четири години дека е нарачан судскиот процес и откако настрада Дума, стана јасно дека на тој начин ќе функционира нашиот судски систем, награда или казна. Во 2003 година ОЈО го имаше овој предмет и го затвори во јули месец истата година. Во 2007 година кога Груевски најави борба со корупцијата, очигледно беше дека треба да има високо профилирани личности па ги одбраа поранешниот премиер и поранешниот заменик премиер“, истакна Бучковски.

Бучкоски изјави дека прво што помислил е дека поголемиот дел од јавноста ќе направи равенство помеѓу Бучковски и Груевски, бидејќи и на него му беше застарено делото.

Затоа се лутам дека во моментот кога обвинителството реши да го преиначи делото зошто немаше штета кај нас, можеше да побара ослободителна пресуда, но остави да застари. Од злоупотреба при набавката за тенковски делови, кои имаат веројатно поголема вредност денеска отколку кога беа набавени, но бидејќи беа доказ, за среќа на наша страна, дека не се направила злоупотреба.

Апелацискиот суд предводен од Виолета Дума донесе одлука со која ја прекина пресудата, почна голготата за нас обвинетите. Делото од апсолутна штета го преиначија во некаква штета, што не успеаја да докажат“, рече Бучковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести