Цената на билетот за четврт-финалниот натпревар против ПИК Сегед ќе чини: 400 денари и 450 денари

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 април, 2019 17:44

Важно соопштение од РК Вардар до сите фанови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот ракометен првак Вардар на 25 април ќе се сретне во салата во СЦ „Јане Сандански”, со ПИК Сегед, да го одигра четврт-финалниот натпревар од ЕХФ лигата.

На официјалната страна на ракометниот клуб Вардар денеска е објавено соопштение за фановите, каде пишува дека заклучно од понеделник, 8 април почнува приоритетната продажба на билети за натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед.

Вардар по петти пат е првак во СЕХА Газпром лигата. Во финалето „црвено-црните“ го победија ППД Загреб со 26-23. Ова е уште еден рекорд на вардарци кои се единствени со три титули по ред и со седум настапи во финалето на осумте досегашни Ф4 турнири

Сите сопственици на влезници од осмина-финалниот натпревар Вардар – ППД Загреб во следниот период ќе имаат можност истите да ги заменат со билети за четврт-финалниот натпревар против ПИК Сегед закажан за 25 април во Скопје во 20 часот.

Од понеделеник, 8 април па се до недела 14 април 2019 година ќе трае приоритетната замена на сезонските билети со влезници за четврт-финалниот натпревар во ЛШ. По истекот на овој период односно од 15 април сите билети кои нема да бидат заменат ќе бидат пуштени во слободна продажба.

Со приоритената замена на билети се здобивате со право да ги задржите истите места што сте ги имале на осмина-финалниот меч од Лигата на шампионите. Не е можно менување на местата, туку само задржување на истите за првиот меч од четврт-финалниот натпревар против ПИК Сегед

Цената на билетот за четврт-финалниот натпревар против ПИК Сегед ќе чини:
* 400 денари за местата на трибина
* 450 денари за А блоковите

Од 15 април ќе почне регуларна продажба на влезници за четврт-финалниот меч и ќе трае се до распродавање на капацитетот на салата во СЦ „Јане Сандански”.

Приоритетната замена на билетите со влезници за четврт-финалните натпревари ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој ден (понеделеник – недела) од 10 до 18 часот.
Притоа ќе биде задолжително приложување и на билетот ос осмина-финалниот меч заради докажување на местото што сте го имале.

Повеќе информации околу замената може да се добијат на info@ticketplus.mk и на телефонскиот број + 389 2 2401 980

Сите што во овој рок нема да извршат замена на билетите, значи дека се откажуваат од тоа право, и истите ќе бидат пуштени во слободна продажба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...