Најголемиот ваучер оди кај европскиот првак, кој е и шампион на Македонија, Вардар. „Црвено-црните“ добиваат 250.000 евра,

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 јуни, 2019 18:04

ВАРДАР НА СМЕТКАТА ДОБИ УШТЕ 250.000 ЕВРА – ЕВЕ ОД КОГО!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Поделбата на ваучерите од страна на Агенцијата на Млади и Спорт е завршена, а врз основа на критериумите кои беа направени, клубовите добија добра сума, пишува 24 ракомет.

Според неофицијални информации 24 ракомет дознава, колку изнесуваат ваучерите за дел од клубовите кои се во Супер машката лига.

Најголемиот ваучер оди кај европскиот првак Вардар а тоа значи дека „Црвено-црните“ добиваат 250.000 евра.

Стоилов е капитен на Р.К ВАРДАР кој по втор пат со својот тим ја освојува титулата Европски првак

Освојувачот на Купот на Македонија, Металург, пак, добива ваучер од 200.000 евра.

Еурофарм Работник, кој го постигна најголемиот успех со освојувањето на 2. место во Македонија, ќе добие ваучер од 180.000 евра. Пролет, има 150.000 евра, додека пак Прилеп треба да добие 130.000 евра.

Донации кој ги доби ракометниот клуб Вардар:

15.000 евра – премија од Неуромедика
135.000 евра – пласман на Ф4
500.000 евра – освојување на титула
500.000 евра – премија од Владата на Македонија
100.000 евра – премија од Град Скопје
100.000 евра – премија од АМС
135.000 – 355.000 евра – премија од Супер Глоуб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести