Директорот на МОБ, Васко Ристов, се жали на големите долгови на националната установа

Објавил: Стефан Каневче | 16 јануари, 2019 15:03

Васко Ристов: Во МОБ долговите се големи

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Актуелниот директор на Македонската опера и балет, Васко Ристов, за Фокус.мк изјави дека „во МОБ долговите се големи и се направени во последните неколку години“.

По назначувањето на Илија Рајковски, а потоа и Ќазим Асотиќ за в.д. директори, Васко Ристов е трет директор кој се жали на финансиската состојба на МОБ и упатува дека долговите биле направени во изминатите неколку години.

Нашите извори упатуваат дека токму во последните неколку години долгот изнесувал околу 600.000 евра и бил намален за 200.000 евра.

Огромните долгови на МОБ всушност датираат од поодамна, од времето на Дејан Прошев кој два мандати раководеше со националната установа.

Иако Рајковски и Асотиќ често пати најавуваа државни ревизии за долговите, сеуште нема официјални информации дали е направена ревизија за утврдување на причините за огромните долгови.

Македонската опера и балет минатата година доби речиси двојно помал буџет од Министерството за култура што се одрази негативно врз работењето на куќата во која ретко може да се најдат премиерни претстави.

Познавачите на проблематиката велат дека изјавите на директорот Ристов не соодветствуваат на фактичката состојба дека огромните долгови датираат од поодамна, а всушност се намалени пред неколку години, ниту пак понудиле некаква визија за намалување на истите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...