Ѓоковиќ и Брајант беа големи пријатели, му помогна на тенисерот кога му беше најтешко

Објавил: Весна Петровска | 28 јануари, 2020 11:34

ВЕЛИЧЕНСТВЕН ГЕСТ НА ЃОКОВИЌ: Пред мечот му одаде почит на Коби Брајант – публиката почна да плаче

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во очи на четвртфиналето на Австралија опен против Милош Раониќ одаде почит на трагично настраданата легенда во кошарката Коби Брајант.

Ѓоковиќ се загрешваше во тренерка на која ги имаше иницијалите К.Б, броевите 8 и 24 кои Брајант ги носеше во текот на кариерата во ЛА Лејкерсу со срце.

ВИДЕО погледнете го ТУКА

Српскиот ас и Брајант имаа пријателски однос. На Американецот Ѓоковиќ му беше омилен тенисер и дури му беше и ментор во моментите кога имаше проблеми и му помогна да се врати на позицијата број 1.

Ѓоковиќ и Брајант беа големи пријатели, му помогна на тенисерот кога му беше најтешко.

 

Смртта на Брајант е голема загуба за спортскиот свет, а од веста за трагедијата е потресен и неговиот голем пријател Новак Ѓоковиќ.

Судбината сакаше Ѓоковиќ само 24 часа порано да зборува за неговото пријателство со Брајант и како НБА ѕвездата му помогнала кога поминуваше низ тежок период поради повредата на лактот.

– Коби е еден од моите ментори, кога поминував низ тежок период поради повредата на лактот, токму Брајант беше еден од тие кои беа покрај мене и ми делеа совети – им зборуваше Ѓоковиќ на новинарите во Мелбурн, само еден ден порано.

– Да се биде покрај луѓе како што се Коби или Кристијано Роналдо е неверојатно. Покрај нив двајца, јас се чувствував како мало дете – рече Ѓоковиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис