Црна хроника од соседната земја

Објавил: Узунов Бобан | 18 јуни, 2019 14:51

(видео) Грозоморно убиство во Белград: жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама.

Фото/Текст извор: ©магазин

Белградската полиција синоќа околу 23 часот нашла три тела во септичка јама зад шопинг центар во Сурчин. Како што неофицијално дознава Вечерње новости, Драгослав Јовановиќ кој пред неколку дена ја убил својата сопруга а потоа и себеси, е осомничен дека ги убил и трите лица чии тела се најдени во септичката јама.

Како што пишува српскиот весник, станува збор за бизнис соработник на Јовановиќ, 42-годишниот Ш.Н., неговата мајка Ш.Д. и тетката П.М. Убиецот наводно пред да ги убие се изживувал врз нив.

Трите лица исчезнале не 1110 јуни. Три дена подоцна Јовановиќ ја убил сопругата и извршил самоубиство. Дека има врска со трите исчезнати лица, се посомневал неговиот татко.

„Телата во лоша состојба се извлечени од водата. На нив се гледаат знаци на насилна смрт. Обдукцијата ќе покаже кога се убиени и со каков предмет“, изјавил извор близок до истрагата за српски Телеграф.

Како што дознава „Блиц“, околу вратот на убиената 75-годишна жена имало врвка, која на другиот крај била врзана за бетонски блок.

Трите лица исчезнале на 10 јуни. Драгослав Јовановиќ истата вечер пукаше во својата сопруга и ја погоди со три куршуми во градите, а потоа си пукаше во главата. Исчезнувањето на трите лица во полицијата ги пријавил неговиот татко, кој изјавил дека се сомнева дека неговиот син ги убил.

„Телата во лоша состојба се извлечени од водата. На нив се гледаат знаци на насилна смрт. Обдукцијата ќе покаже кога се убиени и со каков предмет“, изјавил извор од истрагата за српски „Телеграф“.

Според истрагата, Јовановиќ наводно ја повикал помошничката од својата пералница, ѝ рекол дека има посебна задача за неа и дека добро ќе ја плати, но дека ќе мора да молчи. Жената потоа раскажала дека во неговото „бмв x5“ имало траги од крв. Во меѓувреме бил пронајден и телефонот на исчезнатиот Ш.Н.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести