На угостителскиот објект каде што вчера Георгиев имаше настап, не му е првпат да ги крши протоколите за заштита од вирусот. Директорот на Пазарниот инспекторат за „А1он“ вели дека и минатата недела му поднеле кривична пријава.

Објавил: Владо Марин | 3 октомври, 2020 13:44

ВИДЕО: Гужви и турканици во скопски локал каде пееше Владо Георгиев – Не се носеше ниту маска, ниту се држеше дистанца

Фото/Текст извор: ©a1 on

Со гужви, играње и пеење вчера се одржа настап на српскиот пејач Владо Георгиев во познат угостителски објект во центарот на Скопје.

Присутните не одржуваат дистанца, ниту пак носат маски.
Наместо почитување на протоколите за заштита од коронавирусот, кои налагаат дека вакви настапи смеат да се одржуваат само доколку гостите седат на маса, присутните се туркале за да го снимат пејачот одблиску и видеото да го објават на социјалните мрежи. Ваквото однесување доаѓа во денови кога во Македонија се бележи нов пораст на новозаболени од вирусот, односно и по 225 нови пациенти на дневно ниво.
 
Eпидемиолозите укажуваат дека голем дел од нив се заразуваат во угостителски објекти кои не ги почитуваат протоколите.
 
На угостителскиот објект каде што вчера Георгиев имаше настап, не му е првпат да ги крши протоколите за заштита од вирусот. Директорот на Пазарниот инспекторат за „А1он“ вели дека и минатата недела му поднеле кривична пријава.

Вечер во ‘Мош’, повторно настап ќе има Владо Георгиев, повторно ќе пуштам инспекција. Зборував со Комисијата за заразни болести, да се најде начин и полицијата да доаѓа со нас, за да ги казнуваме и луѓето. Луѓето не се свесни. Колку и да ги казнуваме операторите, тие ќе ја платат казната. Кога одат инспекторите им велат: ‘Треба да бидете седнати, не станати’, на што добиваат одговор: ‘Ти ќе ми кажеш мене, еве го столчето до мене, јас ќе си играм’.

Тоа е крајно несвесно и некоректно. Операторите ги казнуваме и со по 4 илјади евра, но, некаде и кривичните пријави не помагаат. Јас не знам како им се исплаќа“, вели Пауновски.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Пауновски, вели дека не можат да ги затвораат објектите, бидејќи според законот е предвидена само кривична пријава за непочитување на протоколите.

„Ние од понеделник ќе разговараме и со дел од Владата што се надлежни за оваа работа. Ќе побараме поголеми ингеренции. Но, знаете дека тоа оди преку Собранието. Вечер мислиме да одиме со полиција и ќе бараме да ги казнуваат лицата кои се присутни, а не ги почитуваат протоколите“, додава Пауновски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...