На посетат Пендаровкси со високи почести беше пречекан од претседателот на Србија, Александарв Вучиќ, кој го пречека пред Палатата Србија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 ноември, 2019 15:48

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски во Србија пречекан со највисоки државни почести

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото цивил медиа

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска замина во дводневна официјална посета на Белград, за време на која ќе се состане со државниот врв на Србија.

На посетата Пендаровкси со високи почести беше пречекан од претседателот на Србија, Александарв Вучиќ, кој го пречека пред Палатата Србија.

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски денеска се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград

Претседателот Стево Пендаровски на прес конференцијата за медиумите посочи дека влегувањето во ЕУ ќе биде долг процес.

-Залагањето на Макрон е да се усвои нова методологија за членство во јануари 2020-та година, а не подоцна од март, но не ми даде гаранции за отворање на преговорите. Новата методологија децидно кажува дека не се предвидува никаква замена на членството со некоја алтернатива за земјите од Западен Балкан. Тоа беше главната тема на разговорите со Макрон.

По свечениот пречек предвидено е двајцата функционери да имаат тет-а-тет разговор.

По пленарните разговори на делегациите на Србија и Македонија, која ќе ја предводат претседателите на двете земји, Вучиќ и Пендаровски ќе дадат изјави за медиумите, се наведува од Службата за соработка со медиумите.

По средбата со Вучиќ најавено е Пендаровски да замине на средба со премиерката на Србија Ана Брнабиќ, како и со претседателот на Народното собрание Маја Гојковиќ.

Со претседателот на државата Пендаровкси во Белград заминаа и македонски стопанственици, а претседателот на Македонија ќе учествува на трговскиот собир Македонија – Србија и ќе има средба со претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж и српските стопанственици.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести