Подадена рака. Заштита. Човек од збор - вели Елизабета за својот сопруг

Објавил: admin@magazin | 12 април, 2019 14:10

(ВИДЕО) Сопругата на Пендаровски: Стево е столб на семејството, а таков ќе биде и за својот народ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Семејството е нешто на кое треба да се работи постојано, тоа понекогаш бара компромис, но се темели на љубов и почит, вели Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на кандидатот за претседател Стево Пендаровски во новото видето што беше промовирано денеска на страницата на Фејсбук на Пендаровски.

Не постои подобро чувтство од тоа дека некој е секогаш тука. Подадена рака. Заштита. Човек од збор. Да поттикне радост и да намали тага. Да не се повлече никогаш. Таков е Стево, го знам 23 години и отсекогаш знам дека тој е човекот на кој можам да сметам. Столб на семејството, а таков ќе биде и за својот народ, за својата земја. Токму затоа знам дека со него сите ќе одиме напред – вели Ѓоргиевска, која работи на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/2152038041512745/

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести