Каква ќе биде судбината на СЈО ?

Објавил: Узунов Бобан | 18 јуни, 2019 7:28

(видео) Фатиме Фетаи надвор од своите овластувања бара промени во други институции, ама сака да остане Катица Јанева

Фото/Текст извор: ©1тв.мк/ магазин

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, за време на вчерашното гостување во Студио 1 зборуваше за промените во перцепцијата на јавноста во однос на СЈО по последните случувања со бегството на екс премиерот Никола Груевски, тоа што Орце Камчев беше виден на натпревар во Германија и ставот на Врховен суд за нивните случаи.

-Можеби најголем дефект е фактот што во однос на нашите случаи, се уште немаме во поголем дел правосилни и извршни пресуди. Но тоа не е околност која зависи од СЈО, тоа е констатирано и во извештајот на ОБСЕ како релевантна организација којашто не следи.

Како што вели, ставот на Врховен е незаконит и невалоризиран од другите судови, но влијае како вода, каде што ќе најде простор, таму ќе помине. За можната смена на Катица Јанева, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, рече дека смени прво треба да се направат во некои други институции, како на пример Врховниот суд. 

Во однос на Катица Јанева, Фатиме Фетаи не очекува и не сака да биде сменета која како што изјави го понела најголемиот товар во овие изминати 4 години.

-Ако веќе правиме некакви смени, мислам дека треба да се почне со смени во некои други институции, како на пример Врховниот суд, кој во неколку извештаи е наведен како кочничар на правдата. Не може СЈО да направи толку добро за владеење на правото, колку што лошо може да направи претседателот на Врховниот суд, рече Фетаи.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести