Адвокатката на Јанева

Објавил: Узунов Бобан | 16 септември, 2019 21:22

(видео) Фрчковска го демантира Заев: Јас го информирав за писмото за префрлање на предметите а не за мерките за истрагата !

Фото/Текст извор: ©магазин

Адвкатката на Катица Јанева Ирена Фрчковска го демантира Заев дека го информирала за тоа дека нормално е за Катица Јанева да побара поблага мерка и да искориски некои олеснителни околности. 

Фрчковска изјавува дека целата таа изјава погрешно е интерпретирана и средбата се случило во времето кога Јанева испрати допис до Јавниот обвинител на Република Македонија со кој ја префрла практично надлежноста на предметите од СЈО во надлежност на Јавниот обвинител. Тоа беше за ургентноста, за итноста за важноста на одлуката за Јанева со една писмена согласност да ги префрли предметите и прво отвори една голема дискусија и предизвика една турбуленција во правниот систем и во понатамошната работа на СЈО и беше од интерес и за Владата и за правниот систем. 

Додека пак изјавата на Заев беше

Строго ги деманитрам ваквите лаги бидејќи на лидерската средба кога се отвораше дебатата зошто воопшто се преговара кога предметите поминуваат во Јавното обвинителство, мојот коментар беше оти од Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предемтите. И тоа е коментарот за да продолжиме да преговараме. Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски.

Ако Фрчковска демантира дека имало каков било разговор за мерки за истрагата или невлијание на предмети и сведоци, тогаш логично е прашањето од каде знаел каква била намерата на Катица Јанева со префлрањето на предметите ?

Или изворот на информација бил некој друг, а со тоа и намерата на Заев со таквата изјава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести