Сите вработени во Банката кои имале непосреден контакт со вработениот кој е позитивен на Covid-19 ќе бидат во самоизолација во наредните 15 дена.

Објавил: Владо Марин | 23 март, 2020 8:54

ВИРУСОТ НАПАЃА: Прв позитивен случај на Коронавирус во Комерцијална банка

Фото/Текст извор: ©Магазин

Комерцијална банка АД Скопје уште од самиот почеток на појавата на Коронавирусот Covid-19 во земјава ги презеде сите мерки за заштита на здравјето на вработените и на клиентите и за намалување на потенцијалните ризици во работењето, пренесува порталот „банкарство.мк“.

Во таа насока распоредени се тимови на различни локации и на работа од дома, а деловните простории на Банката, редовно се дезинфецираат и се опремени со средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици за вработените.

Поради утврден случај на вработен во Комерцијална банка АД Скопје, кој е од Скопје и е позитивен на Коронавирусот Covid-19, согласно насоките од надлежните институции Банката денес изврши нова, темелна дезинфекција на сите простории во деловните згради КБ1 и КБ2.

Сите потребни и дополнително засилени мерки на заштита и превенција се преземени, со што деловните процеси продолжуваат со редовна работа. Сите услуги на Банката се достапни и функционираат нормално.

Сите вработени во Банката кои имале непосреден контакт со вработениот кој е позитивен на Covid-19 ќе бидат во самоизолација во наредните 15 дена, согласно воспоставената комуникација и добиени насоки од надлежните институции во Република Македонија.

Тимот на Комерцијална банка му поскаува брзо опоравување на вработениот и со нетрпение го очекува неговото враќање на работа.

Од банката велат дека сите без исклучок сме исправени пред актуелните предизвици, а фокусот на Комерцијална банка АД Скопје останува на заштита на здравјето на вработените и на клиентите и на достапност на сите наши услуги и производи во секое време, додава порталот банкарство.мк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...