Претседателот Ленин Морено реши да ја повлече владата од Кито во крајбрежниот град Гвајакил и изјави дека нема да се откаже од зголемувањето на цената на горивото. Тој ги обвини своите противници за обид за пуч, пренесе Би-би-си.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 октомври, 2019 20:10

Вистински хаос во Еквадор: Над 100 уапсени, претседателот се пресели од главниот град

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вистински хаос владее во Еквадор откако стотици луѓе беа уапсени за време на протестите поради покачување на цената на горивото во главниот град на Еквадор.

Претседателот Ленин Морено реши да ја повлече владата од Кито во крајбрежниот град Гвајакил и изјави дека нема да се откаже од зголемувањето на цената на горивото. Тој ги обвини своите противници за обид за пуч, пренесе Би-би-си.

Стотици беа уапсени за време на протестите поради цената на горивата во главниот град на Еквадор, при што претседателот ја повлече владата од Кито во крајбрежниот град Гајакил.

На протестите им претходеа блокирани патишта од страна на демонстрантите, предводени од домородните жители.

Во своето телевизиско обраќање, претседателот Морено истакна дека нема да толерира нереди ниту ќе се откаже од укинувањето на субвенциите за гориво и го обвини неговиот претходник Рафаел Кору и венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека стојат зад „планот за дестабилизација“.

Еквадорскиот министер за енергетика објави дека активностите на три нафтени полиња во регионот на Амазон се прекинати поради напади на неидентификувани групи, со што производство е намалено за 12 проценти.

Инаку Еквадор е демократска република во Јужна Америка. Еквадор се граничи со Колумбија на север, Перу на исток и југ и со Тихиот Океан на запад. Таа е една од двете држави во Јужна Америка што не се граничи со Бразил, другата е Чиле. Во рамките на Еквадор се вклучени и Галапагоските Острови, околу 965 км западно од територијата на Еквадор. Државата лежи на екваторот, од каде и е добиено името. Еквадор има површина од 256.371 км2 со главен град Кито, а најголем град Гвајакил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.