Силниот земјотрес што погоди делови од Хрватска сите не растажи. Природните катастрофи се непредвидливи и оставаат несогледиви последици.

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 декември, 2020 18:08

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: 100.000 евра помош за пријателска Хрватска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На седница на Владата денес донесовме одлука да испратиме 100.000 евра помош за пријателска Хрватска, објави министерката Радмила Шеќеринска!

Силниот земјотрес што погоди делови од Хрватска сите не растажи. Природните катастрофи се непредвидливи и оставаат несогледиви последици. Поддршка за граѓаните кои настрадаа или претрпеа штети, напиша на социјалните мрежи министерката Шеќеринска!

Јак земјотрес ја погоди Република Хрватска!

До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Македонија изразувам и сочувство за жртвите, се огласи и премиерот Заев!

Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините во Петриња во потрага по затрупани луге.

Неколку лица се извлечени живи. Меѓу нив и едно дете. 

Улиците на хрватскиот град се покриени со урнатини. Голем број згради, куќи  и објекти  се целосно или делумно оштетени што ја покажува силината и разорната моќ на денешниот земјотрес кој се случи во 12 часот и 15 минути.

Земјотресот беше со интензитет од 6,3 степени по Рихтер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести