Ѓоковиќ перфектно го одигра денешното финале, не дозволувајќи му на Шаповалов ниту за момент да се понадева на изненадување.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 ноември, 2019 17:35

ВЛАДАТЕЛ НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ: Новак го ЗБРИША Шаповалов и го освои Мастерсот во Париз!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот ас Новак Ѓоковиќ по петти пат го освои Мастерсот во Париз.

Денеска светскиот шампион Новак Ѓоковиќ го совлада шампионот од турнирот во Стокхолм, Канаѓанецот Денис Шаповалов со 6:3 и 6:4. Тоа е 34. трофеј од категоријата 1000 за Ѓоковиќ и петти оваа година, а исто така негова 77. АТП титула во кариерата.

Ѓоковиќ перфектно го одигра денешното финале, не дозволувајќи му на Шаповалов ниту за момент да се понадева на изненадување во текот на мечот.

Тој направи брејк и лесно го доби првиот сет со 6-3, а потоа стигна до брејк и кон средината на вториот сет, рутински триумфирајќи со 6-4.

Ѓоковиќ бил првиот српски тенисер кој победил на „гренд-слем“ турнир во поединечна категорија и најмладиот играч кој стигнал до полуфиналето на еден „гренд-слем“ тунир.

Тој е еден од четирите играчи (заедно со Давид Налбандијан, Давид Ферер и Рафаел Надал) кој го победил Роџер Федерер трипати во една календарска година; еден од трите играчи (заедно со Налбандијан и Николај Давиденко) кој ги победил и Федерер и Надал во еден ист турнир; најмладиот играч од поновата ера кој ги победил трите најдобри тенисери еден по друг, кога во Роџерс-купот во 2007 година ги победил третиот, вториот и првиот тенисер во светот (Енди Родик, Рафаел Надал и Роџер Федерер, соодветно) итн. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести