Од ВМРО прашуваат зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева? Дали во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени дополнителни докази кои утврдуваат нејзина директна вмешаност и зошто за неа се уште нема мерка притвор поради можност за влијание на сведоци, повторување на делото или бегство?

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јули, 2019 10:50

ВМРО бара притвор за Катица Јанева

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кој лаже, тој и краде, а Катица Јанева и лаже и краде исто како нејзиниот ментор Зоран Заев,стои во соопштението на ВМРО.

Пријателката на притворениот рекетар Боки 13, наводно се разболе дента кога беше обелоденета аферата за рекетарскиот политичко-судско-медиумски октопод на СДСМ. На Јанева не може да и се верува и затоа надлежните мора да испитаат дали го фалсификувала или злоупотребува боледувањето.Во Република Македонија владее рекетарска, корумпирана и криминална влада.Со СДСМ и Заев правото и правната држава го допреа дното.Јавноста мора да знае кои се Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите и дали овие лица се високи претставници во СДСМ како што се зборува и само поради тоа се амнестираат од одговорност?, додаваат од опозициската ВМРО.

Мора да се спроведе детална и сериозна истрага кој се е вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО

Од ВМРО прашуваат зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева? Дали во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени дополнителни докази кои утврдуваат нејзина директна вмешаност и зошто за неа се уште нема мерка притвор поради можност за влијание на сведоци, повторување на делото или бегство?

Мора да се спроведе детална и сериозна истрага кој се е вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО, бидејќи само апсењето на Боки 13 и Зоран Милески Кичеец значи заштита на главата на октоподот и другите инволвирани во оваа рекетарска приказна.СЈО, СДСМ и Заев ја девалвираа правната држава и институциите.Правото и правдата мора да важат подеднакво за сите.  Секој што се огрешил пред законот мора да одговара.ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш проширување на истрагата и притворање на Катица Јанева поради можност за бегство, влијание врз сведоци од позиција на Специјален јавен обвинител и уништување на докази.Правото и правдата мора да владеат во Република Македонија, а тоа е можно само доколку криминалниот картел наречен СДСМ и Заев си заминат од власт и веднаш распишат предвремени парламентарни избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести