Преку проекти и настани на Конрад Аденауер поминале цели генерации на политичари на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јануари, 2021 12:55

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со интензивна соработка со Конрад Аденауер, идните проекти ќе бидат насочени за јакнење на капацитетите на партијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски оствари средба со новиот Директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун.

Мицкоски му посака добредојде и успешна работа во Македонија, а двајцата се сложија дека соработката помеѓу Фондацијата и ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на високо ниво, но и ќе се засилува.

Уште еднаш се афирмирани одличните релации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер – официјална Фондација на ЦДУ.

Главен акцент на средбата беше ставена на разговорите за идни проекти насочени кон јакнење на капацитетите на партијата.

Преку проекти и настани на Конрад Аденауер поминале цели генерации на политичари на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги афирмираше принципиелните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграција на Република Македонија, но истакна и благодарност за поддршката која ја добиваме при тоа од Фондацијата и Германија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести