За да ги покрие своите криминали но и неспособноста да донесе подобар стандард за граѓаните, власта почна да креира црно сценарио на поделби и прогони

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 март, 2019 11:08

ВМРО: Македонија со СДСМ на власт стана земја на сиромаштија, криминал и неправди

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Република Македонија со СДСМ на власт стана земја на како што велат сиромаштија, криминал,  политички прогон и неправди . 

За да ги покрие своите криминали но и неспособноста да донесе подобар стандард за граѓаните, власта почна да креира црно сценарио на поделби и прогони. Политичкиот прогон во земјава стана секојдневие. Тие кои први го кренаа гласот против продажбата на државните интереси и погубните политики на Зоран Заев станаа и први жртви на заевизмот стои во соопштението на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

“Недолжни граѓани ги полнат затворите, додека премиерот е ослободен за поткуп иако цела јавност виде како бара мито од 200.000 евра. Патриоти кои цел живот го посветиле за безбедноста на државата добиваат максимални казни затвор, а борци на ИСИС кои масакрирале луѓе добиваат три пати пониски казни”.

Додека власта со политички прогон си ги брани сопствените криминали, државата секојдневно тоне на секое можно поле, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Економијата ни е закована на дното, а БДП е со најнизок раст во Европа и регионот.  Наместо да расте економијата, растат сиромаштијата, даноците и корупцијата.

Од ВМРО потенцираат дека платите се намалени, велат нема ниту 500 евра просечна плата, а нема повисоки плати за лекарите и професорите, но ни повисоки пензии. Од ВМРО додаваат дека младите ја напуптаат државата бидејќи нема подобар стандард за нив.Велат сега има само вработувања за блиските и фризерките на функционерите од власта.

“Власта ветуваше иднина за младите, но во реалноста го забрза иселувањето. Над 140.000 млади живеат под прагот на сиромаштијата и единствено што размислуваат е како побрзо да ја напуштат државата”.

Ветуваа подобро здравство, а донесоа здравство во кое умираат луѓе и се местат матни тендери. Нема пари, за пензионерите, но има за луксузите на власта.Власта која викаше дека ќе ни го зацврсти идентитетот, всушност го смени името на државата  и ги присили сите институции и столбови на државноста да го променат името и да го изгубат својот институционален идентитет.СДСМ и Заев донесоа само неправди, криминал и нечесност на секој чекор, а тоа не носи иднина за граѓаните и државата. Токму затоа граѓаните ќе се спротивстават  на заевизмот и ќе се изборат за правда, владеење на правото и подобра иднина за себе и идните генерации и за Република Македонија, стои во соопштението на ВМРО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести