Од ВМРО велат дека сопругот на Фросина Ременски беше незаконски унапреден за седум скали нагоре само заради нејзиниот и неговиот политички ангажман.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 мај, 2019 23:50

ВМРО: Оставката на Павле Богоевски е манипулација на власта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дали сопругот на Фросина Ременски е креаторот на фалсификуваните службени белешки со кои се вршеше политички прогон и со кои неосновано се испраќаа во притвор политичките неистомисленици,стои во соопштението на ВМРО?

Од ВМРО реагираат дека оставката на Богоевски е манипулација на власта

Од ВМРО велат декасопругот на Фросина Ременски беше незаконски унапреден за седум скали нагоре само заради нејзиниот и неговиот политички ангажман.

Дали Фросина Ременски предлагаше апсурдни амандмани само за да може нејзиниот сопруг да биде поставен за прв човек на безбедносните служби, иако не знае англиски јазик? Тоа ли беше причинат Фросина Ременски да бара укинување на овој услов?Фросина Ременски нема никакво морално право да бара оставки од некого.Фросина Ременски и нејзиниот сопруг треба да си поднесат оставки за да се истражат злоупотребите кои ги имаат направено овие две години.

Оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник е уште еден класичен обид на власта за манипулација со граѓаните. Обид за замајување на јавноста со единствена цел јавноста да го занемари фактот дека до обвинителството се уште не допре гласот, за тоа како Богоевски порачува нелегална психотропна супстанца велат од ВМРО.

Правната држава во Македонија СДСМ ја укина, граѓаните не се еднакви пред законите, за функционерите од власта истите не важат. Богоевски ја потврди веродостојноста на снимката, а притоа и јавно на својот Фејсбук профил призна дека набавувал нелегална психотропна супстанца, за ваквиот негов чин тој мора и кривично да одговара.

Од ВМРО додаваат дека граѓаните се свесни дека со Рускоска обвинителство и Кацарска судство, правда во Македонија не може да има.

Правдата во Македонија ќе се врати моментот кога Зоран Заев ќе си замине од премиерската фотелја, ќе се врати правото кога судството ќе се ослободи од стегите на власта на СДСМ. Кога Зоран Заев ќе си замине секој кој што се огрешил пред законот од неговата криминална банда ќе одговара, а ќе одговараат и оние кои во моментов го амнестираат криминалот на власта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести