Според информациите објавени во српските медиуми, автомобил „Голф“ претекнувал два камиони, по што се забил во автобус кој доаѓал од спротивната лента.

Објавил: Весна Петровска | 22 јануари, 2020 11:41

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО од ужасот на Ибарска магистрала: Родени браќа загинаа за миг!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Ужас во Србија, загинаа двајца браќа. Трагедија се случи утринава на Ибарска магистрала кога во сообраќајна несреќа животот го загубија две млади лица од Црна Гора, а една жена е тешко повредена.

 

Според информациите објавени во српските медиуми, автомобил „Голф“ претекнувал два камиони, по што се забил во автобус кој доаѓал од спротивната лента.

Зад воланот на автомобило бил 18 годишно момче, а сопатници во возилото биле 28-годишник и жена на возраст од 49 години. На лицето загинале двете момчиња, а жената е хоспитализирана со тешки повреди. Неофицијално се работи за двајца браќа и нивната мајка.

Никој од патниците кои биле во автобусот не е повреден. „Голфот“ е буквално смачкан, а се претпоставува дека главна причина за несреќата е неприлагодената брзина во услови на намалена видливост поради густа магла.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.