Во акцијата на одделот за организиран криминал на МВР се приведени поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 февруари, 2019 11:09

Во денешната акција на МВР, уапсени се бивши министри за земјоделство, полицијата трага по Љупчо Димовски

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Како што објави Телма, утрово во акција на одделот за организиран криминал на МВР се приведени четворица поранешни министри и заменици за земјоделие.

Во истрага поврзана со злоупотреба на земјоделска помош и издавање на државно земјиште, утрово се уапсени четворица поранешни министри и заменици за земјоделие, објави Телма повикувајќи се на извори во обвинителството.

Во акцијата на одделот за организиран криминал на МВР се приведени поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев. Во денешната акција тие се приведени утрово, и за сега полицијата се уште не дава никакви изјави за овој настан.

 Љупчо Димовски полицијата се уште го бара, а тројцата се однесени во суд на распит.

Ацо Спасеноски е поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Спасеноски од 2001 година е претседател на НВО Центар за поттикнување на развојот на мали и средни претпријатија. Во неговата биографија се наведува дека има изготвено над 280 бизнис планови, проекти, студии и спроведено семинари за потребите на Владата на РМ, меѓународни банки и за организации од сферата на земјоделството и воопшто од стопанството.

Љупчо Димовски е генерален секретар на СПМ и министер за земјоделство во периодот 2009–2014.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести