Премиерката Ана Брнабиќ и претседателот на Националното собрание Ивица Дачиќ пристигнаа во Храмот Свети Сава.

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 ноември, 2020 10:16

ВО ЖИВО: Започна погребот на ПАТРИЈАРХ ИРИНЕЈ – Присутни се државниот врв и голем број граѓани

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Литургијата за блажениот патријарх Иринеј започна во 9 часот наутро, а посмртните остатоци на патријархот ќе бидат спуштени во гробот во криптата на храмот Свети Сава по завршувањето на службата и беседите.

Во храмот не може да се влезе без маска.

Блажениот патријарх Иринеј ќе биде погребан денес во криптата во Храмот Свети Сава во Врачар.

Верниците не можат да го бакнат патријархот или ковчегот, а до граѓаните се апелира да носат маски и да не остануваат премногу долго кога се простуваат.

По завршувањето на богослужбата во продолжението на литургијата, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, митрополитот Златоуст, претседателот на Претседателството на БиХ и старешината на катедралната црква во Белград, протоереј-ставрофор Петар Лукиќ, ќе се збогуваат од патријархот.

По беседите, остатоците на Патријархот ќе бидат спуштени во гробот во криптата од свештеници од Белград.

8.00 часот: Претставниците на државниот врв пристигнаа во Храмот!

Премиерката Ана Брнабиќ и претседателот на Националното собрание Ивица Дачиќ пристигнаа во Храмот Свети Сава.

Претходно стигнаа, Никола Селаковиќ, Марко Ѓуриќ, Ненад Поповиќ, Милош Вучевиќ, Александар Шапиќ, Небојша Стефановиќ, Александар Вулин, Татјана Матиќ, Зоран Радојичиќ, Вања Удовиќиќ, началник на Генералштабот на Армијата на Србија!

Меѓу учесниците на литургијата е и мандатарот за состав на новата црногорска влада, Здравко Кривокапиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му...

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...