Зголемениот број на мигранти кои се обидуваат нелегално да ја преминат Македонија е очекуван, неочекуван е бројот помагатели - македонски граѓани кои наплаќаат за услуги

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 септември, 2018 14:17

Во комбе пронајдени 33 мигранти од Пакистан, приведени две лица

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во товарно возило “Рено мастер” во близина на Демир Капија полициски службеници пронашле 33 лица илегални мигранти од Пакистан.

Во возилото немало возач.

Во 03:15 часот, на 400 метри од возилото, на стариот пат Скопје – Гевгелија, полициските службеници забележале две лица за кои постои сомнение дека го управувале возилото. Тие биле приведени во Полициската станица Неготино. Се работи за лицата Б.С. (36) и Г.Т. (36) двајцата од Велес. – соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести