Не е вирус се што убива. Последиците од нечии дејствувања се смртоносни. Само што смртта во тој случај доаѓа многу подоцна, помакотрпна е и помасовна.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 3 февруари, 2020 11:58

Корона интелектуалец – Каракамишева, корона новинар – Латас и корона носител на правда – Катица

Фото/Текст извор: ©магазин

Не е вирус се што убива. Последиците од нечии дејствувања се смртоносни. Само што смртта во тој случај доаѓа многу подоцна, помакотрпна е и помасовна. Таа е смрт на цело општество, не само на избројан број на поединци. Познатиот социолог Емил Диркем говори за феномен наречен – аномично општество. Аномично општество е она во кое не важат правила, односно постои одреден степен на правила – обичајни или правно регулирани, но нив никој не ги почитува. Во аномично општество никој не ја обавува улогата која ја има на предвиден начин, или народски кажано – не се знаее ниту кој сее, ниту кој жнее. Ако ја анализирате денешната состојба во Македонија ќе забележите дека ние сме типичен пример за аномично општество и сите што сме негови припадници сме подложени на умирање и исчезнување. Корона висрусот како најсмртоносен вирус во моментов во светот, може да убие поединци, но корона интелектуалци, корона новинари и корона носители на правда полека но сигурно го разоруваат македонското општество во неговите витални структури.

Како еклатантен пример за квази интелектуалци ќе ја земам Тања Каракамишева

Студентите од „Студентски Пленум“ ја соопштија нивната перепција за својата професорка во досетлив транспарент кој со месеци стоеше на центарот од универзитетскиот кампус. На транспарентот пишуваше: „Где сте мишеви, што сте тако Каракамишеви?“

Постои бурна и променлива осцилација во перцепцијата на Тања Каракамишева од страна на јавноста. За време на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ, истакнатата професорка по „Уставно право“, беше најсилниот адут во редовите на владеачката партија. Неа можевте да ја видите на разни дебати по провладини телевизии како ги застапуваше тезите на владеачката партија, нејзиното знаење беше во служба на интересите на партијата и од неа не можеше да се слушне ниту една објективна критика кон тогашната власт. Дури и кога беа студентските протести, кога река на студенти се организирше во знак на протест против тогашниот „Предлог закон за високо образование“, нивната професорка не застана зад нив. Освен што не застана, таа застапуваше теза дека проблемот помеѓу владата и универзитетите треба да се решава институционално и со дијалог. Нејзината некритичност кон позицијата на владата и недостоинствено заземање на страна против своите студенти, ја направи Каракамишева најомразен лик помеѓу нејзините студенти. Дури на споменикот „св. Кирил и Методиј“ во кампусот на УКИМ долго време стоеше транспарент на кој пишуваше: „Где сте мишеви што сте тако КАРАКАМИШЕВИ“. Во очите на студентите, како идни академски граѓани, тогаш Каракамишева беше лидер на глувците, на глодарите, на најштетните и најмалите чинители во општеството. По затајувањето на тој јавен блам, сега ја следиме Каракамишева како предводник на борбата за враќање на уставното име и тоа, то боже од патриорски разлози. Нејзината борба е за почит, меѓутоа прашањето е колку може да се верува во искреноста на мотивите. Со однос на тоа што до сега не покажала објективност, ниту критика кон ВМРО – ДПМНЕ, нејзината улога како интелектуалец е проблематична. Подобро е општество без интелектуалци, одошто општество со корумпирани или идеолошки врзани интелектуалци. Вистинските интелектуалци се поклонуваат само пред научната парадигма, а единствена нивна идеолошка максима е општата – човечката, хуманистичка.

Од таборот на корона новинари го избирам Драган Павловиќ – Латас

Не беше толку одамна кога во „бомбите“ слушавме како Мијалков му порачува вест на Латас, но и начин како веста околу апсењето на Бошковски да биде пренесена. После таа сцена со бомбите, прашање е што воопшто уште бара Латас на јавната сцена во Македонија? Што не е доволно – парите или бламот ?

Не беше толку одамна кога Латас беше главен и одговорен уредник на информатива во Сител. Во времето на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ, се знаеше дека најпровладина телевизија е токму „Сител“. Ако ги следевте вестите со Латас, ќе забележевте дека тие многу повеќе наликуваат на коментари одошто на објективен приказ на настани. Колку беше голема улогата на Латас во држење на претходната влада се покажа и во „бомбите“. Уредникот на вести преговара со Сашо Мијалков за начинот на кој ќе биде пренесена веста за апсењето на Љубе Бошковски. Беше времето на Латас до 2017. По смена на власт, телевизијата за која работи побрза прва да ја смени својата заземена партиска страна, а Латас доби место меѓу обичните новинарчиња вработени во Сител. Неговото влијание во актуелниот момент е сосема намалено, освен ако не се огласи во понеделничка колумна па да постигне видливост. Сите негови колумни се засновани за податоци од јавен и полујавен карактер. Неговиот истражувачки доем е толку голем, да само во неговите колумни можете да прочитате за канали преку кои се переле пари, за разговори од Рекет 2 или Рекет 3 и сл. Во превод чаршиски муабети без доказ или материјална поткрепа. Освен тоа, нивото на приказ е многу помало во однос на нивото на интерпретација. Корона новинарот сите колумни ги завршува во славен стил, а неговиот едиствен стил е да биде допадлив за политичката партија за која обработува.

Новинари како Латас, партиски службеничиња, во суштина пропагандисти, учествуваат во креирање на заблуди, ширење на лаги или креирање на мислење кое е во служба на интересите на центрите за моќ како политички партии и бизнис заедници (читај македонска олигархија).

Катица Јанева е предводник на групата – корона носители на правда

Изјавите:
„Се ќе биде ОК“
„Ти го шетав мачето“ и сл. остануваат вечно во аналите на стрип културата наречена „Животинска фарма“

Не е грев да бидеш неелоквентен како што е Катица, ниту е грев да не знаеш да одговориш прецизно и јасно на прашања од новинари и цела јавност, но и тоа каков грев е да ја узурпираш својата позиција за вртоглави хонорари и да учествуваш во мрежата за рекетирање на бизнисмени. Тоа што си глупичок не е криминал, ама тоа што ја користиш својата моќ за изнуда на пари и тоа како те прави подложен на правна вина. И така нејзините изјави – „Се ќе биде ОК“, „И го шетав мачето“ и куп други бисери се конститутивни за стрип верзија на македонското општество  наречена „Животинска фарма“.

 

Трагично и загрижувачко е тоа што македонскиот корона вирус толку се шири да зазема се поголемо претставништво, членство а се појавуваат и нови типови. Може да се забележи дека се повеќе луѓе стануваат примероци на корона интелектуалци, корона новинари или корона носители на правдата. Без разлика на тоа која страна заземаат и колку професионално и аргументирано одработуваат за таа страна, нивниот етички капацитет и човечки интегритет и достоинство, нивната корумпираност или идеолошка засенетост е доволна за продлабочување на општествената аномија. Со вакви масовни убијци, без етика и морал, нам корона висрус воопшто не ни е потребен!

Автор: Магдалена Стојмановиќ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...