Чифлигнаец ми се јави и ми бараше за обвинителката Лиле Стефанова за дуќан и стоматолошки ординации !

Објавил: Узунов Бобан | 9 август, 2019 8:00

(ВО НОВОТО АУДИО) Орце Камчев: Чифлиганец ми се јави и ми бараше за обвинителката Лиле Стефанова за дуќан и стоматолошки ординации !

Фото/Текст извор: ©магазин

Италијанскиот весник Ла Верита утрово сподели ново видео за случајот Рекет. Во видеото се слуша женски глас на Катица Јанева како преку телефон вели дека се ќе биде ОК, додека Боки 13 преку телефонски повик се договара со Орце Камчев кога да дојде по рекетот во висина од 1,5 милиони евра.

Камчев во видеото вели дека парите на Боки 13 му ги спакувал во соодветна торба „Луј Витон“ и дека не оди да му дава него пари во Адидас торба.

АУДИО бомбата е објавена во неколку разговори, каде во првиот разговор присутен се Орце Камчев, Боки Тредичи и Зоран Милески Кичеец, во вториот разговараат само Орце Камчев и Боки Тредичи, а во третиот дел Катица Јанева на спикерфон ги упатува зборовите “Не се секирај ништо, се ќе биде ОК”. 

СЛУШНЕТЕ НА 4:24 ОД ВИДЕОТО КАКО ОРЦЕ КАМЧЕВ ВЕЛИ: Чифлигнаец ми се јави и ми бараше за обвинителката Лиле Стефанова за дуќан и стоматолошки ординации

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести