Минатиот јуни, владата на Мјанмар, предводена од државниот советник Аунг Сан Су Ки, го блокираше пристапот до Интернет во девет града, поради загриженост дека мрежата се користела за измислување судири меѓу војската и бунтовниците.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јуни, 2020 10:47

ВО ОВАА ДРЖАВА НЕ СЛУШНАЛЕ ЗА КОРОНАВИРУСОТ: Осум градови во неверојатна изолација! Еве што се крие позади тоа!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/CNN

Стотици илјади луѓе заробени на крајниот запад од Мјанмар, во близина на жестоки борби, не знаат ништо за коронавирусот поради едногодишно исклучување на Интернет во овој дел од земјата, според групите за човекови права.

Минатиот јуни, владата на Мјанмар, предводена од државниот советник Аунг Сан Су Ки, го блокираше пристапот до Интернет во девет града, поради загриженост дека мрежата се користела за измислување судири меѓу војската и бунтовниците.

Во еден од тие градови Интернетот беше вратен во мај годинава, но осум други градови, со вкупно население од околу 800.000 луѓе, сè уште се без Интернет, а со тоа и без информации.

Организациите “Human Rights Watch” и  “Amnesty International” велат дека долгорочната забрана за пристап до Интернет го става во опасност животот на луѓето, не само затоа што ги спречува да пријабуваат за можни кршења на човековите права, туку затоа што ги оддалечува од важни глобални случувања како што е пандемијата на коронавирус.

„Со вооружениот конфликт меѓу армијата во Мјанмар и армијата Аракан во државата Ракин среде пандемија,потребно е цивилите да ги добијат сите информации за коронавирусот за да останат безбедни“, рече Линда Лакдир, правен советник на „Хјуман рајтс воч“ за Си-Ен-Ен.

Мјанмар досега забележа шест смртни случаи и 292 позитивни случаи на коронавирус, додека повеќе од 64.532 лица се тестирани, покажуваат податоците на тамошното Министерство за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.