Немаше пари, но секогаш беше добро расположена. Сите ја сакаа. Сека беше добар човек и ученик и сакаше од мала да пее.

Објавил: admin@magazin | 20 март, 2019 21:07

Во оваа распадната куќа Сека Алексиќ го помина своето детство! Немала шпорет ни пари за јадење

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Светлана Сека Алексиќ, сега ужива во луксузниот живот, но секогаш не беше така. Нејзиното детство го поминала во беда и сиромаштија во селото Липолист, покрај Шабац.

Екипата на Курир го посетила ова место и како што изјавуваат нејзините стари комшии и пријатели, таа никогаш не ги заборавила.

Мајката од Сека Алексиќ Ибрима, во текот на животот многу се мачела во одгледувањето на нејзините деца, Сека и нејзиниот брат. Тие поради сиромаштија често се селеле, а најдолго се задржале во една мала и одроната куќа.

Куќата од српската пејачка Сека Алексиќ, во која го помина дел од нејзиното детство.

Сека со семејството живееше во една соба во школскиот двор кое го нема повеќе, кај комшиите во дворот, а потоа се преселија во една мала куќа, рече еден стар човек кој замоли да не се објавува неговото име.

Немаше пари, но секогаш беше добро расположена. Сите ја сакаа. Сека беше добар човек и ученик и сакаше од малечки нозе да пее. На сите им е мило што успеа во животот. Заслужи се најубаво затоа што и нејзината мајка се намачи во животот со нејзините деца, бидејќи нејзиниот сопруг сакаше да пие.

Сека Алексиќ е српска пеачка, родена е во Зворник, Босна и Херцеговина. Денеска живее во Стара Пазова заедно со нејзиниот сопруг Вељко и синот Јаков.

Покојниот татко од Сека, се преселил во Лозница додека тие биле мали.

Пејачката последен пат го посетила селото пред 4 години, затоа што сакала да купи еден кафиќ.

Сека со нејзината мајка и нејзиниот очув живеела 3 години. Сите зборуваат дека била многу послушно дете. Тој ја возеше во Зворник и Лозница затоа што таму снимаше плочи и имаше доста гостувања. Кога нејзината мајка се разделила од него, Сека Алексиќ се отселила и почнала да живее сама во Белград. Моментално е една од најпопуларните пејачки на Балканот.

Сека Алексиќ денеска ужива во луксузната вила заедно со нејзиниот сопруг Вељко Пињкиќ и нејзиниот син Јаков.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.