Нов лидер социјалдемократите ќе избираат на 12 декември. Заев ќе остане во политиката како активен член на партијата!

Објавил: Перо Милчин | 27 ноември, 2021 18:29

Во СДСМ почна постапката за избор за наследник на Зоран Заев

Фото/Текст извор: ©канал 5/магазин

На првиот ден од седумдневниот рок за поднесување кандидатури „сандачето“ на Бихаќка празно. 

Сепак, првата најава стигна од Димитар Ковачевски, за кого во јавноста се лицитира оти е најверојатен наследник на Заев. Не ја крие амбицијата да ги предводи социјалдемократите.

Актуелниот заменик министер за финансии за Канал 5 потврдува дека деновиве ќе ја испорача кандидатурата во пакет со програмата. Смета дека кој и да биде избран за претседател членството треба да се обедини околу него за доброто и на партијата и на државата.

Деновиве во јавноста се споменуваа и други имиња за можни кандидати, како Шилегов, кој во меѓувреме негираше дека ќе влезе во трката, Стефан Богоев, Јован Деспотовски. Од СДСМ не потврдуваат дека на синоќешниот Централен Одбор Ковачевски бил фаворизиран од Заев.

-Станува збор за коментар на квалитети на еден човек. Претседателот на СДСМ ќе се бира на внатрепартиски избори, вели Богданка Кузеска – Портпарол на СДСМ.

Од партијата велат дека имаат стабилно мнозинство од 61 пратеник, а отворена е и можноста за вклучување на Алтернатива, со која, за преговори е задолжен лично Заев.

Во меѓувреме, првиот вицепремиер во Владата Артан Груби вели дека ДУИ ќе го прифати новиот лидер на СДСМ, а во однос на оставката на Заев од премиерската позиција посочи оти смета дека треба да се почека бидејќи земјата во моментот се соочува со многу важни процеси.

Нов лидер социјалдемократите ќе избираат на 12 декември.

Заев ќе остане во политиката како активен член на партијата!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести