– Помеѓу загинатите тројца се пожарникари, четворица вработени во брза помош и двајца новинари, изјави гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул.

Објавил: Мате Парлоф | 20 август, 2022 17:37

Во сообраќајна несреќа во Турција загинаа најмалку 16 луѓе

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку 16 луѓе загинаа, а 22 се повредени во двојниот судар во близина на градот Газиантеп, објавија турските власти.

– Помеѓу загинатите тројца се пожарникари, четворица вработени во брза помош и двајца новинари, изјави гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул.

Спасувачките служби пристигнале на местото на несреќата во која учествувал минибус, а потоа во нив удрил патнички автобус, кој се превртел и се лизгал 200 метри при што удрил во возилото на брзата помош и медиумските екипи.

Двата новинари кои загинаа биле вработени во новинската агенција ИХА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.