Министерството за здравство е во постојан контакт со Светската здравствена организација

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 август, 2018 10:47

Во Србија девет лица починале од западнонилска треска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Србија годинава се регистрирани 102 случаи на лица заболени од Западнонилска треска од кои починале деветмина – соопшти денеска српскиот Институт за јавно здравје “Др. Милан Јовановиќ – Батут”.

Според податоците на Институтот петмина од починатите се од реонот на Белград а останатите четворица од Војводина. Сите заболени лица се жители на Војводина – Белград или реонот долж течението на Дунав.

Западнонилската треска првапат е регистирна во Србија кон крајот на јули 2012 година и досега од неа заболеле 574 лица од кои починале 61.

Вирусот на Западнонилската треска се пренесува на луѓето само преку убод од инфицирани комарци. Вирусот од Африка на европско тло го носат птиците преселници од кои се инфицираат комарците и потоа ја шират заразата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.