Според податоците на УЈП, скенирани се 28.948.878 фискални сметки, остварен е промет од 14.301.474.854 денари со вкупен ДДВ од 1.554.510.671 денари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јануари, 2020 10:58

Во февруари граѓаните ќе добијат 3,7 милиони евра од поврат на ДДВ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На граѓаните за второто тримесечие од почетокот на мерката поврат на ДДВ ќе им биде исплатен поврат во износ од 233.176.601 денари (3.791.000 евра), информира Управата за јавни приходи (УЈП).

Според податоците на УЈП, скенирани се 28.948.878 фискални сметки, остварен е промет од 14.301.474.854 денари со вкупен ДДВ од 1.554.510.671 денари.

Пријавувањето на сметките се врши до поднесување на даночна пријава за цели на данок на додадена вредност, односно даночниот обврзник кој е месечен даночен обврзник за цели на ДДВ, фискалните сметки кои ги сторнира и сторните сметки ги поднесува до УЈП најдоцна во рок од 25 дена по истекот на месецот во кој сам го пресметува данокот, а тримесечните даночни обврзници најдоцна во рокот од 25 дена по истекот на тримесечјето за кое се доставува даночната пријава.

Исплатата за второто тримесечје ќе стартува во февруари 2020 година.

Притоа, од УЈП информираат дека за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780 денари.

За граѓаните кои во апликацијата МојДДВ внеле погрешна трансакциска сметка и направиле корекција, информираат дека исплатата ќе се случи во понатамошниот период.

Апликацијата МојДДВ е достапна за симнување преку следниот линк МојДДВ.

Сите вие кои сте регистрирани на системот “е-Персонален данок“, преку апликацијата МојДДВ ќе имате можност да гo скенирате баркодот од фискалните сметки и да го остварите правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ. Граѓаните кои не се регистрирани, ги повикуваме да се регистрираат на “е-Персонален данок“ и со скенирање на фискалните сметки да го остварат правото на поврат на ДДВ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести