Во одговорот од Владата потенцираат дека сите вработени кои имале непосреден контакт со заболениот вработен се во изолација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јуни, 2020 21:52

Вработен во Влада заразен со коронавирус- неколку колеги во изолација!

Фото/Текст извор: ©инфомакс.мк

Утринава до редакцијата на Инфомакс приситигнаа информации за случај на Ковид 19 во Владата на Република Македонија.

Попладнево по неколку часа порталот добил и официјална потврда за случајот.

Во одговорот од Владата потенцираат дека сите вработени кои имале непосреден контакт со заболениот вработен се во изолација.

-Владата на Република Македонија уште од самиот почеток на појавата на Коронавирусот Covid-19 во земјава ги презеде сите мерки за заштита на здравјето на вработените и за намалување на потенцијалните ризици во работењето.Поради утврден случај на вработен во Владата на Република Македонија, позитивен на Коронавирусот Covid-19, се преземени засилени мерки на заштита и превенција, со што работните процеси продолжуваат со редовна работа. Сите вработени во Владата на Република Македонија кои имале непосреден контакт со вработениот кој е позитивен на Covid-19 ќе бидат во самоизолација во наредните 15 дена, согласно воспоставената комуникација и добиени насоки од надлежните институции во Република Македонија. Владата на Република Македонија му посaкува брзо опоравување на вработениот и со нетрпение го очекува неговото враќање на работа.

Инаку денеска во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести