Исто така, вели дека државата ќе се обиде да ја заврши работата за ИМТ и за тој простор да добие 90 или 100 милиони евра.

Објавил: Весна Петровска | 15 јуни, 2019 18:50

Вучиќ закасни поради лошиот пат, најави итна обнова, а кај нас за патиштата се примижува

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Српскиот претседател Александар Вучиќ, откако задоцни во посета на Књажевац поради лошиот пат, најави итна реконструкција на патот Зајечар-Миничево-Књажевац.

Вучиќ им се заблагодари на големиот број луѓе што го чекаа и истакна дека ќе почне да работи на нивниот пат, кој е од клучно значење за тој крај.

“Ние сакаме понатаму да ја развиваме Старата Планина како туристичка дестинација, но и да поттикнуваме овоштарство. Секој бара да има сала која чини во вредност од три милиони евра, нема да ветам, но ние ќе се обидеме да почнеме со изградба што е можно поскоро”, рече Вучиќ во Књажевац, каде што пристигна во рамките на кампањата “Иднината на Србија”.

Исто така, вели дека државата ќе се обиде да ја заврши работата за ИМТ и за тој простор да добие 90 или 100 милиони евра.

“Тогаш прво работниците, како кредитори, ќе се смират, но уште поважно е тоа што ќе се обидеме да донесеме уште еден инвеститор и да имаме уште една фабрика во Књажевац и со тоа да обезбедиме безбедна иднина за нашите семејства”, рече Вучиќ.

Тој им порача на пензионерите дека оваа година ќе имаат повисоки пензии и дека ќе се зголемат платите во јавниот сектор без зголемување на јавниот долг

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.