Имено Вучиќ упати порака до македонската Влада и рече дека треба да си ја гледа својата работа. Тој упати порака и до Србите во Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 декември, 2019 10:38

Вучиќ: Со бојкотот на нобеловецот Хандке, македонската влада покажа на Србите за кого да гласаат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, на социјалните мрежи го коментираше бојкотот на доделувањето на Нобеловата награда за книжевност на австрискиот книжевник, Петер Хандке.

Оваа година Нобеловата награда за книжевност му беше доделена на Петр Хандке, што предивика бурна реакција во Приштина и Тирана, но и на други места. Одлуката ја критикуваше јавно и познатата новинарка на Си-Ен-Ен Кристијан Аманпур, која никогаш н го криела својот негативен став кон српската политика воопшто, коментира РТ Војводина. Критичарите тврдат дека Австриецот не само што своевремено застанал на страната на Милошевиќ, туку не го признава геноцидот во Сребреница.

Имено Вучиќ упати порака до македонската Влада и рече дека треба да си ја гледа својата работа. Тој упати порака и до Србите во Македонија.

-Нека си ја гледаат својата работа, но со бојкотот им покажаа на Србите во Северна Македонија како и за кого да се определат и за кого треба да гласаат. Мислам дека нивниот проблем(на Владата во С. Македонија) е многу поголем отколку нашиот, порача Вучиќ.

Вучиќ истакна дека нобеловецот  Хандке не е великан само на германското говорно подрачје, туку и за Србија.

Српскиот претседател упати честитки за Нобеловата награда и му забалгодари за се’ што направил во претходниот период.

-Ханде многу патеше и тешко го преживеа сето ова само затоа што веруваше во вистината и во мирот и што не наседнуваше на триковите и провокациите од НАТО земјите, изјави Вучиќ.

Никола Димитров пак, македонскиот министер за надворешни работи, непосредно пред доделувањето на Нобеловата награда за книжевност, на својот Твитер профил напиша дека Македонија не ја поддржува и ја бојкотираа оваа одлука.

Инаку во октомври Комитетот за книжевност на Кралската шведска академија на науките истакна дека  ,Нобеловата награда не може да му биде одземена никому, па ниту на австрискиот книжевник Петер Хандке, бидејќи таква можност не е предвидена во статутот“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.