Заменик претседателот на Владата Бујар Османи утре ќе биде во работна посета на Берлин, па ќе присуствува на седницата на Бундестагот и во живо ќе ја следи расправата и гласањето за одлуката за старт на преговорите на  Македонија на Самитот на ЕУ во октомври, информираат од секторот за европски прашања.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 септември, 2019 10:36

Германскиот Бундестагот утре одлучува за старт на преговорите на Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германскиот Бундестаг утре ќе одлучува за старт за преговорите на нашата земја на Самитот на ЕУ закажан за во октомври.

Заменик претседателот на Владата Бујар Османи утре ќе биде во работна посета на Берлин, па ќе присуствува на седницата на Бундестагот и во живо ќе ја следи расправата и гласањето за одлуката за старт на преговорите на  Македонија на Самитот на ЕУ во октомври, информираат од секторот за европски прашања.

Утре германскиот Бундестаг ќе одлучува за старт за преговорите на нашата земја на Самитот на ЕУ закажан за во октомври.

Домаќин на Османи ќе биде претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле.

Доцна вечерва заврши сесијата на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот чии членови му препорачаа на германскиот парламент да донесе позитивна одлука за отпочнување преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.

„CDU/CSU штотуку ја донесе партиската одлука со апсолутно мнозинство за подршка на почетокот на преговорите со РСМ. Одлична најава за четврточното гласање во Бундестаг! Благодарам ЦДУ/ЦСУ
Благодарам Канцеларке Меркел“, се огласи вчера на Фејсбук вицепремиерот Османи.

Тој сподели со јавноста и дека решил да ја скрати посетата на Њујорк на Генералното Собрание на Обединетите Нации за да патува за Берлин.

Инаку на 19 септември, вицепремиерот Османи по средбата со германскиот државен Министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Михаел Рот изјави дека Германија ќе ја поддржи Македонија и ќе одобри да се даде датум за старт на проговрите за пристап во Европската Унија. Османи тогаш добил потврда од Рот дека Германската Влада во целост ги поддржува европските интеграции на земјата, и на седницата на Бундестагот која треба да се одржи идната недела ќе застане во одбрана на позициите на Владата за старт на преговорите со Македонија во октомври.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести