Со политиките на сега веќе поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски јас никогаш не сум се согласувал. Ги критикував експериментите од проектот „прогресивен данок”.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 јуни, 2019 11:16

ГЕРОСКИ: “ЗАЕВ прво го понижи Тевдовски – го „ИЗМЕТЕ” па му вети советничко место”

Фото/Текст извор: ©плус инфо

За личен успех во животот, во професијата, па и во политиката ако сакате, најважни се три нешта – љубов кон она што го работите, посветеност и истрајност и висок степен на личен морален и професионален интегритет.

Моето животно и професионално искуство покажува дека љубовта, сепак, е најважна. Можев да бидам што сакам, а јас избрав да станам новинар. Од љубов. Некаде на возраст од околу триесет, со проект напишан на десетина страници, конкурирав за позицијата главен уредник на тогашен „Вечер”.

Го предизвикав мојот тогашен уредник Столе Насев. Добар дечко. Од љубов кон весникот, од кого сакав да создадам производ налик на „Дневник”, пар години потоа. Велат дека Глигоров, Колемишевски и некое друштво таму, до солзи се смееле кога го читале мојот проект, моето „љубовно писмо”. Неколку години подоцна, кога им ја урнавме империјата НИП „Нова Македонија” како кула од карти, веќе не им беше до смеење.

После две децении уредникување, со душа чекав некој да тропне на вратата, да ме предизвика, да рече – јас сакам да бидам главен уредник. Бидна и тоа, ама се случи без љубов, драги мои, едноставно како една груба обљуба на мојата „фотелја”, обљуба во обид додуша (не од мојот наследник, се разбира), бидејќи мојот задник го повлеков во последен момент, достоинствено.

Петар Атанасов сакал да биде министер за образование и бидејќи не го избрале, човекот си заминал. И тоа, како што читам, сега му се есапи за зло. Читам и не ми се верува. Па Петар бил ваков, па онаков… Ма будали едни, недоквакани!

Па каде ќе најдете денес човек што сака да биде министер и со љубов да се посвети на својата идеја како треба да се реформира секторот што го води? Образованието, во случајов. Се имам и јас изнаслушано за тоа каков бил Петар Атанасов (лоши работи, де), но сепак немам слушнато оспорувања на неговиот личен интегритет.

Не е ли тоа доволно?
Па и да има такви, главната замерка за Петар е што се осмелил да посака да биде министер. Тоа било „еготрип”. Кај нас само еден човек може да решава кој може да биде министер или директор на јавна институција, а сите други треба да бидат на располагање. Ако бидат избрани, треба да се радуваат. Ако бидат отфрлени, пак треба да се радуваат, бидејќи Зоран Заев избрал подобри од нив. Се избрал себеси, на пример, бидејќи од него попаметен, поспособен и похрабар нема. И нема да се роди во скора иднина.
Па ова го немаше ни во комунизмот, кога јас бев млад и кога амбициите на луѓето се сметаа за предност, а не за дисквалификациска маана. Ма ви велам, недоветна работа!
Со политиките на сега веќе поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски јас никогаш не сум се согласувал. Ги критикував експериментите од проектот „прогресивен данок”.

Сум слушнал дека е човек со отежната комуникација со сите, па и со премиерот. Не знам дали сето тоа е точно, но знам дека Тевдовски доследно ги спроведуваше партиските политики во секторот финансии. Политиките на Заев се тоа. Тевдовски ги спроведуваше прилично тврдо и доследно. И доби позитивни рецензии од надвор. Ако бил непогоден кадар за идната „најекономска” година, тоа е вина на Заев, а не негова.

Премиерот прво го понижи Тевдовски – го „измете” па му вети советничко место – за потоа да сфати дека неговата намера да биде и премиер и министер е спротивна на законот. Како и да е, Тевдовски и на заминување демонстрираше личен интегритет, одбивајќи ја непристојната понуда да му биде советник на Заев и изјаснувајќи се дека се враќа на Економскиот факултет.
Начинот на кој премиерот Заев менаџира со кадрите не е добар и тоа брзо ќе предизвика дефицит на сериозни интересенти за водечките позиции во владата и во јавната администрација. Која, патем речено, допрва треба да биде предмет на преиспитување од аспект на нејзината подложност на корупција, како што сугерира ГРЕКО.

Било како било, Тевдовски и Атанасов нема за што да жалат.

Ќе се посветат на своите академски кариери. Има ли нешто поубаво од тоа? А и ова чудо што денес се нарекува политика сѐ повеќе наликува на правење колбаси, што би рекол Бизмарк. Или на гнетење ајвар – јадеш, празниш црева и ништо здраво и корисно не останува во организмот.
Ебати таква политика!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...