-Директни закани немав од сегашните осомничени, но имав некои непријатни разговори со тие луѓе.

Објавил: admin@magazin | 5 ноември, 2019 23:02

ГЕРОСКИ: Имав голем притисок од Кирацовски, ВРЗ МЕНЕ СЕ ВРШЕШЕ ФИЗИЧКО СЛЕДЕЊЕ од личност која не е позната за јавноста!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот Бранко Героски во гостувањето во „Што не е јасно“ на телевизија Алфа откри дека дека врз него се вршело физичко следење, од страна на личност која не е позната за јавноста. Герсоки случајот го пријавил во МВР од каде е испратена и службена белешка до јавниот обвинител, но и по поминат еден месец дена нема реакција за тоа од надлежните.

Героски во вечерашното гостување во врска со аферата Рекет, рече дека директни закани немал од сегашните осомничени, но имал некои непријатни разговори со тие луѓе.

Имав постојан притисок од господин Кирацовски да ја објаснам неговата позиција во целата афера како „Кики“, но на крајот го сторив тоа, но можеби згрешив што ја прифатив таа експлицитна молба која се разбира како дека попуштам. Притисоците беа во насока на тврдењата на мои колеги и политичари дека начинот на кој ја разоткривам вистината е непрофесионален и опасен кој може да ми донесе штети и опасности.

Тој изјави дека не бил силен поддржувач на СДСМ, но бил силен поддржувач на идејата за промени.

Не сум венчан за една гарнитура на која ќе и обезбедам постојана поддршка за се. Немам практично „ден на власт“, постојано сум критичар на постоечките власти, некои луѓе не го разбираат тоа и така дојдовме во овој непосакуван конфликт, но нема ништо да промени на мене и мојата улога како новинар, изјави Героски.

Тој рече дека во неговите колумни при првото отварање на скандалот Рекет 1 псевдоними користел затоа што имал созанија кои не биле поткрепени со директни докази и постоела можност да се направи сериозен дефокус и наместо со аферата Рекет да почнат тие личности да се занимаваат со него како новинар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести