Героски додаде дека кажува работи што би требало да ги знае секој студент на правниот факултет во Скопје.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 февруари, 2020 10:26

Героски: Кога јас укажував дека законот за ЈО е штетен, бев прогласен за адвокат на мафијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера во емисијата на Алфа ТВ гостуваше новинарот Бранко Героски. Тој пред јавноста коментираше дека најголем предизвик за сите политичари беше борбата за правда, без оглед од која партија доаѓаат. Тој рече дека политичката сцена во Македонија е доста променета.

-Еден од најголемите предизвици, најголемиот сон беше борбата за правда. Но за жал правда не видовме изминатиов период, туку се донесе и насилни закон за ЈО. Доживеав сатисфакција по последната бомба што ја детонираше Антонијо Милошоски во која што се гледа дека истиот аргумент кој јас го трубев цели две години, а тоа е дека нелегално прислушувани материјали односно нелегално прибавени докази во поширока смисла на зборот според конкретна директна одредба на членот 12 став 2 од ЗКП едноставно не можат ни да се користатво судската постапка, а беа користени кај нас. А, ниту пак врз основа на нив да се засновува судска пресуда. Се направи lex specialis еден посебен закон, Законот за СЈО кој всушност требаше да го дерогира, да ја намали важноста на оваа одредба што е преседан кој ги урива основите на правниот систем. Потоа сега се направи закон за ЈО во еден дел кој ја регулира доказната постапка кој што кажува што може, што не може да биде во закон, тоа не е работа на законот за ЈО, тоа е работа на законот за кривична постапка, појасни Героски.

Героски додаде дека кажува работи што би требало да ги знае секој студент на правниот факултет во Скопје.

-Имавме сомнеж, кога јас го пишував, бев прогласен за адвокат на мафијата. Не самиот професорот Калајџиев зборуваше на тие теми, повеќе експерти кажувале дека ова не може вака, нагласи Героски.

Новинарот и уредник на порталот Плусинфо Бранко Героски се осврна и на маршот кој го организираше СДСМ, за законот за ЈО. Тој вели дека не може власт да маршира за закон кој самата го изгласа.

Маршот на СДСМ всушност мотивот за маршот на СДСМ беше прилично нејасен. Односно мене ми беше јасен, веројатно на делот на посматрачите, идејата беше да се цементира некако во јавноста поддршката за оној последен чин за донесувањето на законот за ЈО. Многу тешко е да изнесете луѓе на улица и да им објасните дека ќе маршираат. За што маршираме? За правда. Правда е прилично апстрактивен поим, значи мора да има некаков силен мотив. Би марширале за правда кога би имале мотив за силна неправда, појаснува Героски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести