петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Бранко Героски беше првиот кој ја откри аферата Рекет, во која првоосомничен е Боки 13, второсомничен кој во моментот е во куќен притвор Зоран Милески, и третоосомничена е поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 ноември, 2019 14:57

ГЕРОСКИ СО НОВА БОМБА: Најавува детали за ,,Рекет 2″ во 15:00 часот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

-ШТО САКА ДА БИДЕ ЗАЕВ – ПРЕМИЕР, ОБВИНИТЕЛ, ШЕРЛОК ХОЛМС ИЛИ ЗОРАН БУРЕВЕСНИК БОЖИНОВСКИ?
Утре во 15 часот на порталот Плусинфо.
Зошто премиерот Заев врши јавен притисок врз истрагата за случајот „Рекет 2“? Зошто го прејудицира нејзиниот исход?
Што изјавила заинтересирана странка во Јавното обвинителство? Дали е исплаќан редовен месечен рекет, затоа што сопственикот на „Диамед“ добивал закани дека ќе му се случи „црно сценарио“?
Кој е посредникот, „човекот со брада“?
Дали бранејќи го Ден Дончев, како што своевремено ја бранеше Катица Јанева за аферата „Рекет“, Заев повторно е во офсајд? – напиша Героски на Фејсбук.

Героски најавува детали за ,,Рекет 2″ во 15:00 часот

Бранко Героски беше првиот кој ја откри аферата Рекет, во која првоосомничен е Боки 13, второсомничен кој во моментот е во куќен притвор Зоран Милески, и третоосомничена е поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Тој утринава објави и нова колумна во која пишува дека веќе се навикнавме на честите промени на ставовите на премиерот Зоран Заев.

Во принцип, јас за тоа не му замерувам. Барем не премногу. Го запознав како опозиционер и уште тогаш сфатив дека наспроти неговата често изговарана крилатица „зборот си е збор“, Заев сепак не е политичар со формат да разбере што сакал Черчил да каже кога рекол дека ставот е мала работа што прави голема разлика. Едноставно, на лидерот на СДСМ не му е непријатно да ги менува ставовите, ако тоа му овозможува политички опстанок и придобивки. Велам, можам да најдам разбирање за таа негова незгодна навика. Во крајна линија, ние луѓето не сме магариња, па да не ги менуваме ставовите. Се менуваат околностите, се случуваат драматични промени во животот, бесмислено е човек упорно да се обидува да урне ѕид со глава. Понекогаш е доблест да се признае и слабост и грешка, да се тргне во друга насока.

А тоа на Заев во овие три години на власт му се случуваше често. Пречесто…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.