На албански јазик на прес конференцијата зборуваше и Вицепремиерот Бујар Османи со генералната секретарка на Регионалниот Совет за соработка Брегу која е по потекло од Албанија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 јануари, 2019 20:04

Градоначалникот Коцевски изнервиран : “Преведи на Македонски или ќе го напуштам пресот”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Двојазичноста на СДСМ и ДУИ во пракса предизвикува многу големи проблеми дури и меѓу нивните функционери. Градоначалникот на Велес денеска бурно реагираше на говорот на министерот за образование кој на новинарско прашање поставено на Албански најпрвин одби да одговори и на Македонски.

Македонските новинари исто таа инсистираа да дознаат за што се зборува на прес конференцијата. Изнервирани поставуваа прашања на министерот за образование, но по се изгледа нему не му беше гајле за нив.

Откако новинарите бурно изреагираа изјавата да биде дадена и на Македонски јазик во одбрана на Алими застана лидерот на ЛДП Милевски, по што неговиот колега од ДУИ ја напушти прес-салата.

На албански јазик на прес конференцијата исто така зборуваше и Вицепремиерот Бујар Османи со генералната секретарка на Регионалниот Совет за соработка Брегу, која по потекло е од Албанија, по што следеше оправдувањето–дека требало да има исто така превод на македонски јазик,ама преведувачот задоцнил на прес конференцијата. Како што можеме да забележиме се работи за чиста провокација од албанската страна.

Извор на видеото: Алфа ТВ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести