Во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, додека другите улици се во надлежност на општините кои се задолжени за нивно чистење и одржување.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јануари, 2022 17:47

Град Скопје вели дека активно чистат снег низ поголемите улици

Фото/Текст извор: ©магазин

Екипи од зимската служба на Град Скопје се на терен и активно работат со цел булеварите и улиците под надлежност на градот да бидат чисти и проодни и да нема застој во сообраќајот поради снегот.

Локации кои досега се исчистени:

-Булевар Словенија
-Булевар Никола Карев
-Населба Даме Груев кон новоселски пат
-Улица Радишанска
-Улиците низ општина Шуто Оризари
-Улиците низ населба Драчево
-Последна 24-ка во Сопиште
-Патот кон Детската клиника во Козле
-Патот од Горно Нерези кон Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“
-Улица Павел Шатев
-Клучката кај Континентал
-Мост Маџари
-Мост Бардовци
-Булевар Босна и Херцеговина

Во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, додека другите улици се во надлежност на општините кои се задолжени за нивно чистење и одржување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести