Откако Мијалков е санкциониран а Груевски со помош на власта пребега во Унгарија, на Христијан Мицкоски останува да ја "изменаџира" ВМРО - ДПМНЕ од финансиски колапс

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 ноември, 2018 14:16

Грешките на Мијалков и Груевски, ВМРО – ДПМНЕ ќе ги плати со имотот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Под сомнение дека 11 лица го купиле имот на опозиционата партија, ВМРО – ДПМНЕ, при тоа вршејќи кривично дело “перење пари и други приходи“,  СЈО преку случајот Талир го блокираше.

Со тоа и оневозможи и на партијата да го продава, изнајмува или да го дава под закуп.

Вкупно на мапата низ Македонија има 62 замрзнати имоти, но реално се 67 бидејќи неколку од нив имаат по два или три имотни листа.

Партиски седишта, земјишта, ниви, куќи и друг имот на ВМРО – ДПМНЕ може да бидат конфискувани доколку сомнежите на СЈО се покажат точни.

Основните проблем е што за Талир се судат физички лица а се удри врз имотот на правниот субјект кој не е предмет на истрагата.

Но, од друга страна од опозициската партија, велат дека не станува збор за 67 туку за 69 имоти кои се во сопственост на партијата. Што се однесува до вредноста, велат дека не е 17.5 туку околу 10 милиони евра.

Се разбира дека ова замрзнување на имотот предизвикува сериозна штета во функционирањето на партијата, но од ВМРО – ДПМНЕ додаваат дека никаков притисок од власта нема да ги исплаши или да ја спречи опозицијата во борбата за вистината.

Предметот на СЈО, под кодно име Талир, е отворен во мај минатата година.

Според сомненијата на СЈО, станува збор за незаконско финансирање на политичката партија и злоупотреба на службената должност од страна на осомничените лица. Првоосомничен е поранешниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски кој во соработка со 10-тина други осомничени, во периодот од 2009-2015 година реализирал финансирање на партијата спротивно законските одредби.

Името на Сашо Мијалков скоро и да е изземено од истрагата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести