Во новата база на Министерството за финансии може да се најдат буквално сите исплати што ги направиле владата, министерствата и другите институции кон фирми или приватни лица во последниве речиси девет години.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 ноември, 2019 10:49

Груевски потрошил 26 милиони евра за медиумска пропаганда

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Повеќе од 26 милиони евра дала поранешната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ на националните телевизии во периодот од 2010 до 2017, покажуваат податоците што БИРН ги извади од базата „Отворени финансии“, која е активна од минатата недела, објави ПРИЗМА.

Сител шампион, среброто и бронзата за Канал 5 и ТВ Алфа

Во новата база на Министерството за финансии може да се најдат буквално сите исплати што ги направиле владата, министерствата и другите институции кон фирми или приватни лица во последниве речиси девет години.

Со точната бројка од 26,6 милиони евра се заокружува приказната за агресивната пропаганда на поранешната власт предводена од Никола Груевски. Конечно сега знаеме колку чинела десетгодишната симбиоза меѓу тогашните властодршци и сопствениците на најголемите телевизии. Преку нивната непринципиелна соработка од една страна агресивно се промовираа владините проекти, а од друга страна жолчно и често со лаги и со манипулации се напаѓаа опозицијата и сите инакумислечки луѓе и организации.

Доминантен дел од тие 26,6 милиони евра, преку деведесет отсто, владата ги дала директно од својот буџет, од ставката „други трансфери“, а министерствата и владините секретаријати придонеле со само неколку ситни проценти, објави Призма.мк.

Исто така, огромен дел, дури 95 проценти од грандиозната сума завршила на контата на само три национални телевизии – Сител, Канал 5 и Алфа ТВ. Телевизија Сител е апсолутен рекордер, со тоа што ѝ биле исплатени 10,2 милиони евра во тој седумгодишен период, a семејната телевизија на Љубисав Иванов – Ѕинго, во 2015 добила најмногу – 1,8 милиони евра.

Целиот текст прочитајте го ТУКА…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести