Никола Груевски

Објавил: Узунов Бобан | 5 јули, 2019 11:46

Груевски: Јога мајсторите го довршија автопатот Скопје-Штип од “немај каде”

Фото/Текст извор: ©магазин

 

Поранешниот премиер кој во моментов ужива бегалски статус во Унгарија преку социјалните мрежи им фаќа сеир на актуелните функционери со порака и дека ќе се врати, Тој преку статус на социјалната мрежа Фејсбук прашува како е новиот автопат Скопје-Штип притоа нарекувајќи ги функционерите на власт јога мајстори.

Груевски истакнува дека се радува , како што наведува што оваа “главна артерија” за источна Македонија се заврши. 

Не само што се започна, туку 85-90 осто овој автопат се заврши додека на власт беше ВМРО. Требаше да е готов до крајот на 2017 година, ама што од неспособност и неработење на актуелните функционери, се еден до еден “јога мајстори”🧘🏻‍♂️, што од желба да направат перцепција дека над две години нешто божем многу работеле🦃 овие експертиве за држење говори на промоции на туѓи проекти и кај нас во земјата и низ соседните држави, го “влечкаа” 🐌завршувањето на автопатот до скоро. За да можат и тие нешто да прослават.🎺🥂🎷🎤

Првата идеја но и мислење за важноста за градба на овој автопат, првиот предлог дека треба да биде ставен во приоритетните проекти, ми ја даде еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ г.Васил Наумов, во првите година-две кога дојдовме на власт, при што скромно напомена дека ако само постојниот пат се прошири ќе биде голем успех.Тогаш ми се виде тешко остварливо и само го ислушав.

Бреин стормингот почна(бреин дреинот, што би рекол Заев). Ќе имало или не доволен број возила како критериум за да добиеме кредит, дали банките ќе го подржат, колку би чинел, дали е исплатлив и многу други прашања висеа над глава кога го размислував и дискутирав со соработниците.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести