Специјалниот претставник за преговорите за спорот со името, Нимиц со пост пензионерска дипломатска офанзива со поддршка од САД да го обезбеди Преспанскиот пред ОН

Објавил: Мартин Попоски | 13 декември, 2018 10:00

Грците задоволни што нема македонско малцинство, го бараат Нимиц за ОН

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По најавите од кабинетот на Путин дека Преспанскиот бил или не ратификуван и од двете држави, сепак ќе се соочи со вето во Советот за безбедност при Обединетите нации, се активираше грчкото лоби.

Огромни дипломатски активности на грчкото МНР во Обединетите нации но и администрацијата на САД.

Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу Македонија и Грција, изјави специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, по средбата во Њујорк со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос.

Очигледно политичкиот процес во двете земи напредува, а јас како претставник на ОН останувам подготвен да помогнам. Ако на двете страни им е потребна моја помош, Обединетите нации се подготвени да помогнат. – рече Нимиц.

Катругалос истакна дека на средбата со Нимиц ја повторил „посветеноста на Грција на духот и на содржината на Договорот од Преспа, со предусловот што се подразбира, дека оваа посветеност е заемна и за другата страна“.

Разговаравме за напредокот и за одредени проблеми што се создадоа во изминатиот период и му се заблагодарив за важниот придонес што го направи досега за, се надевам конечно, решавање на ова прашање. – рече Катругалос.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, во Њујорк се сретна и со специјалната претставничка на ОН за кипарското прашање, додека пак денеска е во Вашингтон, каде што започнува стратешкиот дијалог Грција – САД.

Во 16 часот по локално време, Катругалос ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, а претходно ќе има средба со Џон Болтн, советникот за национална безбедност на претседателот на САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести