Единаесет лица го загубија својот живот, додека едно лице е повредено во сообраќајна несреќа, во која, минибус во кој се наоѓале нерегуларни мигранти удри во камион

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 12:46

Грција: Во сообраќајна несреќа загинаа 11 мигранти

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Единаесет лица го загубија својот живот, додека едно лице е повредено во сообраќајна несреќа, во која, минибус во кој се наоѓале нерегуларни мгиранти удри во камион.

Според вестите на локалните медиуми, минибусот кој патувал од Кавала кон Солун, ја изгубил контролата поради големата брзија, и удрил во камионот кој се движел во спротивната насока.

Во несреќата животот го загубија 11 лица кои се наоѓале во минибусот, додека шоферот на камионот се здоби со лесни повреди.

Двете возила се запалија како резултат на несреќата.

Труповите на загинатите се пренесени во државната болница во Кавала за аутопсија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.