Ивица Дачиќ во една будванска сала во придружба на еден бенд ја запеа легендарната песна „Милјачка“ од Харис Џиновиќ.

Објавил: Весна Петровска | 8 мај, 2019 14:05

Дачиќ ја запали Будва: Ивица им приреди вистинска журка на делегатите на форумот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ познат како некој кој на различни служебни случувања често знае да фати микрофон и да запее познати хитови. Така беше и вчера во Будва, каде бил предводен од српската делегација на Четвртиот форум за ЕУ за јадранско јонската макрорегија (EUSAIR).


Ивица Дачиќ во една будванска сала во придружба на еден бенд ја запеа легендарната песна „Милјачка“ од Харис Џиновиќ.

Подоцна атмосферата ја загреа и со хитот од Плави оркестар „Боље бити пијан него стар“.

Сепак, се чини дека присутните најдобро реагирале на интерпретацијата на Дачиќ „Верувај во љубов“, од легендарниот Оливер Драгоевиќ.

Судејќи според видеото, сите во еден глас пееле со Ивица Дачиќ.

Инаку, на споменатиот форум учестувала и хрватската министерка за надворешни и европски работи Марија Пејчиновиќ Буриќ, која своевремно работела во српското Минстерство како советничка.

За потсетување, Ивица Дачиќ е политичар и претседател на Социјалистичката партија на Србија, кој извршувал повеќе високи функции во српската влада. Дачиќ бил министер за внатрешни работи во периодот 2008–2012, а потоа истовремено ги извршувал функциите премиер и министер за полиција до 2014. Во периодот 2014–2017 бил министер за надворешни работи и заменик премиер, а по започнување на претседателскиот мандат на Александар Вучиќ во 2017, Дачиќ повторно ја преземал премиерската позиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.