Во несреќата се судриле пет возила, сите со скопски регистарски таблички.

Објавил: admin@magazin | 9 јуни, 2021 10:10

Двајца загинати и седуммина повредени во сообраќајка во Кисела Вода

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Две лица загинаа , а седуммина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 23 часот на крстосницата меѓу булеварот „Србија“ и булеварот „Борис Трајковски, пренесе 360!

Во несреќата се судриле пет возила, сите со скопски регистарски таблички.

Според информации од полицијата, станува збор за „фолксваген пасат“ управуван од Р.А.(50) од Студеничани,  „мерцедес“  управуван од Х.С.(28) од Скопје,  „фолксваген шаран“  управуван од З.И.(30) од с.Студеничани,  „хјундаи аксент“ управуван од О.А.(25) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(39) од Скопје.

На самото место на несреќата починале 28-годишниот Х.С. и 50-годишниот Р.А. од Студеничани. Останатите седуммина сопатници со телесни повреди , меѓу кои и две деца, биле пренесени на скопските клиники.

По укажаната лекарска помош 25-годишниот О.А. од Батинци бил задржан во полициска станица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...