Во вториот случај, гостин се пожалил дека има температура. Направен е тест и тој бил позитивен.

Објавил: Перо Милчин | 20 март, 2020 19:32

Два скопски хотели во карантин: Директорот и гостин позитиви на коронавирус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вработените на два скопски хотели од пред неколку дена се во изолација поради корона вирус, дознава „24 инфо“.

Според извори на порталот, директорот на на едниот од хотелите бил позитивен на корона виус. Директорот бил на патување во странство пред извесно време и од пред една недела имал симптоми. Направен е тест што бил позитивен.

Поради тоа, сите вработени се ставени во 14-дневна изолација.
Во вториот случај, гостин се пожалил дека има температура. Направен е тест и тој бил позитивен.

Во однос на тоа вкупниот број на тестирања направени денеска се 43, од кои 3 се позитивни, со тоа вкупниот број на пациенти во нашата земја е 70.
Од новите три е една пациентка патувала во Србија, роднина бабата на девојчето од Штип и уште еден пациент во Скопје.

Градови во кои има заразени со коронавирус се Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид.

Сите пациенти се со релативно стабилна лесна до средна клиничка слика. Пациентката од Дебар е единствена, во доцните часови навлезе во многу критична состојба. Се прават сите напори, но нејзината ситуација е покритична од тоа што беше во текот на изминатиот ден. Направена е домашна визита кај скоро сите пациенти коишто се на домашно лекување.

Има пациенти коишто избираат да се лекуваат дома и да не бидат хоспитализирани, рече министерот Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести